Спонзорство

Кошаркарски Клуб АМАК СП


        КК АМАК СП е еден од четирите спортски клубови кои се под капата на компанијата АМАК СП.Компанијата АМАК СП на почетокот на сезоната се одлучи да откупи клубот Талент Анд еден кошаркарски кулб и по долга пауза да ја врати машката кошарка во Охрид. Со овој потег на Компаниајта Амак СП, 15 години по осамостујувањето и формирањето на македонскта прва лига конечно охригани може да гледаат прво лигашка кошарка .

Уште од првиот одигран натпревар се врати животот во спортската сала Билјанини Извори, а од трибините за К.К.Амак СП навиваат по три илјади луѓе од што се гледа колаква била потребата на охриѓани за враќање на кошарката во градот и спортот воопшто.

К.К.АМАК СП ќе остане запамтен по рекордниот број постигнати кошеви на еден натпревар кога клубот извојува победа со постгнати 145 кошеви што може да се види во НБА лигата. На натпреварите на АМАК СП прв пат во Македонија се приредуваа шоу програми за време на полувремето,нешто што до сега Макеонците го гледаа само на телевизија, а со тоа се направи првиот чекор кон доближување на спортот кон шоу бизнисот.

Адреса:
К.К АМАК СП
15-ти Корпус, 89
6000 Охрид
Македонија

Тел / Факс
++389 46 263-781 / ++389 46 263-784
http://www.kkamak.org.mk
kontakt@kkamak.org.mk


Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР


        Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР има богата спортска историја и ја продолзува традицијата на едрењето како олимписки спорт .
Едрилицарството датира од далецната 1937 кога е основан првиот клуб под името Стрмец (еден од ветровите сто се карактеристицни за овај дел ) По превземањето на клубот од компанијата АМАК СП, во 2003 год едрилицарството кое претходните децении беше замрено повторно ожвеа и се врати во Охрид на голема врата.

Веднаш по преземањето на клубот се организирасе Илиндската регатта по повод 100 години од Македонскта дрзавност . Од таа година па наваму за време на Илиндеските празници едрилицарскиот клуб со организирање на регатата ја зголемува туристицката понуда, а за Илинденските регати псоледниве години покрај тоа што
информираат сите електронски и печатени медиуми во земјава, информации и фотографии од регатите
пренесуваа и реномираните светки агенции Ројтерс и Асошиетет прес .
Едриличирате на клубот во текотот на годината се активни учествувајки на регати во регионов,а во склоп на клубот работи и едриличарската школа која е отворена за сите од 7 до 77 години .

Адреса:
АМАК СП - БОФОР
Кеј М. Тито б.б.
6000 Охрид
Македонија

Тел / Факс
++389 46 256-386
http://www.amacsp-bofor.com.mk
stevco@amacsp-bofor.com.mk


Стрелачки Клуб РИСТО ШАПКАР


       Клубот Рсто Шапкар е формиран на 27 октомври 2004 година, а негов претседател е Христијан Шапкар. Името клубот е дадено во чест на Ристо Шапкар, еден од најистакнатите стопанственци во Охрид во  втората половина на 20 век и основач на фабриката Херој Тоза Драговиќ во Охрид. Денес во клубот членуваат 50 стрелци во категории пионери, јуниори и сениори.

Веднаш по првата година од формирањето овој клуб освоил второ место со воздушна пушка во меѓунардоната програма, а на општинското првенство во 2006 година стрелците на Ристо Шапкар освоија прво и второ место поединечно, и трето место на државното првенство во категоријата пиштол со голем калибар и прво место во категоријата пушка со голем калибар. Во 2007 година клубот освоил златен медал и прво место во државното
првенство во категорија пионери и второ место на Купот на Македонија.


АМАК ПРЕС Охридски Новини

      Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар. Прв уредник на весникот беше доаенот на охридското новинарство Никола Манески.

Амак Прес Охридски Новини во својата работа ни еднаш не бил демантиран.Во редакцијата на весникот секојдневно пристугнуваат писма и реакции на читатели но ни еднаш во редакцијата не пристигнал демант на објавена информација. На страниците на весникот се нашле многу охриѓани кои придонеле за афирмацијата на Охрид во Македонија и светот, но тука се афирмирале и бројни малди луѓе идни музичари,артисти,спортисти и најразлични таленти во разни области на кои медиумската афирмација им била потребна за натамошен развој во своите кариери.

Амак Прес Охридски Новини е бесплатен весник, достапен за секој жител на Охрид, а весникот преку пошта го добиваат бројни фирми партнери во бизнисот на компаниајта Амак СП од повеќе држави.

Јазик: