Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар. Прв уредник на весникот беше доаенот на охридското новинарство Никола Манески.
Амак Прес Охридски Новини во својата работа ни еднаш не бил демантиран.Во редакцијата на весникот секојдневно пристугнуваат писма и реакции на читатели но ни еднаш во редакцијата не пристигнал демант на објавена информација. На страниците на весникот се нашле многу охриѓани кои придонеле за афирмацијата на Охрид во Македонија и светот, но тука се афирмирале и бројни малди луѓе идни музичари,артисти,спортисти и најразлични таленти во разни области на кои медиумската афирмација им била потребна за натамошен развој во своите кариери.